Други спортови Одбојка

Четврто Европско првенство во низа за македонските одбојкари!

Македонската одбојкарска репрезентација продолжува да испишува историја и по четврти пат во низа ќе биде дел од Европското првенство. По настапите во 2019, 2021 и 2023 година, „црвено-жолтите“ повторно ќе се натпреваруваат на континенталниот собир. Европското првенство 2026 ќе се одржи од 9 до 26 септември, а Македонија ќе биде дел од групата Б во Софија. Нашите одбојкари ќе ги одмерат силите со домаќинот Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел.

Во групната фаза ќе настапат 24 репрезентации поделени во четири групи, а натпреварите ќе се играат во Италија, Бугарија, Финска и Романија. Завршницата е предвидена во Италија, со финалето на 26 септември во „Унипол Форум“ во Асаго, кај Милано. Интересно е што и Португалија, противникот на Македонија во групата, бележи идентичен успех со четврти последователен настап на Европското првенство. Европскиот шампион ќе добие и голема награда бидејќи ќе обезбеди директен пласман на Олимписките игри во Лос Анџелес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.