Новата сезона во француската Лига 1 донесе неколку интересни пресметки, а најмногу причини за задоволство има Лион. „Лавовите“ не блескаа според бројот на создадени шанси, но покажаа голема ефикасност и од гостувањето кај Тулуз си заминаа со полн плен. Лион славеше со 2-0 на гостински терен, иако Тулуз во поголемиот дел од натпреварот беше поопасниот противник. Особено во првото полувреме домашниот тим создаваше повеќе прилики, но не успеа да го пронајде патот до мрежата.
Казната за промашувањата стигна во 68. минута. Ноа Нарти го отвори резултатот за Лион по асистенцијата на резервистот Павел Шулц и го стави гостинскиот тим во одлична позиција. Тулуз се обиде да се врати во игра, но Лион повторно беше прецизен во завршницата. Малик Фофана во 85. минута го постигна вториот гол и практично го реши прашањето околу победникот.
На интересен начин сезоната во елитата ја започна и повратникот Ле Ман. Новиот прволигаш одигра возбудлив натпревар со Брест, кој заврши без победник 2-2. Брест поведе преку Ромен Дел Кастилјо, но Дам Гај до крајот на првото полувреме израмни. Ле Maн направи пресврт во 55. минута со голот на Луис Мафота, но радоста траеше кратко бидејќи Камори Думбија седум минути подоцна ги постави конечните 2-2.
Без голови завршија и другите две средби од терминот. Ница и Лориен одиграа 0-0, додека со идентичен резултат заврши и дуелот меѓу Троа и ФК Париз.

