Други спортови Тенис

Четири и пол часа драма, Зверев обезбеди место во третото коло (ВИДЕО)

Александер Зверев продолжува со настапите на УС Опен, откако во второто коло го совлада Куентен Алис со 6:4, 4:6, 7:6(3), 6:7(3), 6:3. Германецот до победата стигна по четири часа и 33 минути игра, во меч кој заврши дури во 2:15 часот по полноќ.

За Зверев ова беше втор последователен маратонски меч, откако во првото коло помина речиси пет часа на теренот против Лоренцо Сонего. И самиот призна дека не одиграл на посакуваното ниво, но најважно за него е што успеал да победи. Алис имаше одлична шанса во третиот сет, кога водеше со 4:1 и имаше брејк-топка за 5:1. Сепак, вториот носител се врати во игра, го доби тајбрејкот и потоа во решавачкиот сет го скрши отпорот на Французинот.

Со новата петсетова победа Зверев обезбеди пласман во третото коло и останува во трката за својата прва титула на УС Опен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.