Репрезентациите на Чешка и Јужна Африка вечерва се враќаат на мундијалските терени. Двата тима имаат јасна цел да го поправат лошиот впечаток од премиерата. Моментално и двете селекции се со нула бодови на своето конто. Тие во моментов им гледаат во грб на лидерите Мексико и Јужна Кореја.
Чесите на првиот меч поведоа, но на крајот претрпеа пораз од азиската селекција. Селекторот Мирослав Кубек најмногу ја анализираше слабата игра во последните триесет минути. Неговиот тим мора да прикаже многу подобра креација и реализација во нападот.
„Се наоѓаме во идентична ситуација како и нашиот вечерашен противник. Немаме бодови и тоа ни ја комплицира позицијата. Нашите напори се насочени исклучиво кон победа. Сигурно ќе ја прилагодиме стратегијата за овој ривал“, најави Коубек.
Јужна Африка се соочува со уште поголеми кадровски проблеми пред овој дуел. Предводникот Хуго Брос остана без двајца важни адути во тимот. Сфефело Ситоле и Темба Зване заработија црвени картони на мечот со Мексико. И покрај тоа, белгискиот стратег на клупата е голем оптимист за мечот во Атланта.
„Имавме доволно време да ги пребродиме почетното разочарување и заморот. Располагаме со многу квалитетни играчи во овој состав. Ако покажеме вистински менталитет, сигурен сум во добар исход“, порача Брос.

