Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Червар со победа дебитираше на клупата на Пелистер

Еурофарм Пелистер со победа ја отвори новата сезона во Регионалната ракометна лига. Битолчани пред својата публика одиграа сигурен и квалитетен натпревар и уште од самиот почеток му ставија до знаење на Партизан дека бодовите ќе останат во Битола. Македонскиот вицешампион на моменти изгледаше доминантно, а разликата од седум гола на полувремето беше доволен показател за одличната игра. Во центарот на вниманието беше капитенот Филип Кузмановски, кој одигра натпревар за паметење.

Пелистер го совлада српскиот шампион со 35-31, во првиот официјален натпревар под водство на Лино Червар. Домашниот состав веднаш наметна висок ритам, а со играта седум на шест успеа да создаде значителна предност уште во првото полувреме. На паузата битолчани имаа плус седум (20-13), а во продолжението разликата во неколку наврати достигнуваше и осум гола. Партизан се обиде да се врати во финишот, но победата на Пелистер ниту во еден момент не беше сериозно доведена во прашање. Кузмановски беше убедливо најдобар стрелец со 15 гола, додека Граховац и Хенигман постигнаа по четири. Кај Партизан се истакна Вагнер со десет погодоци.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.