Еурофарм Пелистер официјално ги започна подготовките за сезоната 2026/27. Новиот тренер Лино Червар денеска го имаше првиот работен состанок со ракометарите, на кој го претстави планот за подготовките и им посака успешна и пред сè здрава сезона. Во наредните два дена играчите ќе ги минат задолжителните медицински прегледи, а првата фаза од подготовките ќе се реализира во Битола. Потоа експедицијата ќе се пресели во Словенија, каде што ќе ја одработи базичната фаза.
Во текот на летниот преоден рок битолскиот клуб се засили со Алекса Колаковиќ, Мартин Серафимов, Миха Котар, Омер Мехмедовиќ, Едвин Џелетовиќ, Малик Татар, Ненад Белистојаноски и Диего Басанесе, додека клубот го напуштија Усама Хосни, Богдан Радивојевиќ, Илија Абутовиќ, Домен Тајник и Дејан Манасков.

