Меѓународен фудбал Фудбал

Челзи тргна по Џака, останува само договор меѓу клубовите

Гранит Џака би можел повторно да заигра во Премиер лигата, откако, според германските медиуми, веќе постигнал усмен договор со Челзи околу личните услови.

Иако минатото лето потпиша долгорочен договор со Сандерленд, искусниот швајцарски репрезентативец е подготвен за нова промена на клупската средина. Сега останува Челзи и Сандерленд да ги усогласат деталите околу обештетувањето за трансферот.

Една од главните причини за интересот на лондонскиот клуб е желбата на Чаби Алонсо повторно да работи со Џака. Двајцата веќе имаа успешна соработка во Баер Леверкузен, каде што швајцарскиот играч беше еден од лидерите на тимот.

Доколку преговорите меѓу клубовите завршат успешно, Џака ова лето ќе се врати во англискиот фудбал и ќе започне ново поглавје во својата богата кариера.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.