Меѓународен фудбал Фудбал

Челзи со ултиматум за Енцо Фернандез: Сити има рок само до 18 часот!

Сагата околу иднината на Енцо Фернандез влегува во својата завршна фаза откако Челзи реши да го пресече одолговлекувањето и да постави јасен ултиматум. Иако за Аргентинецот претходно се распрашуваше и Реал Мадрид, Манчестер Сити останува најсериозен кандидат за неговиот потпис, пред сè поради инсистирањето на новиот менаџер Енцо Мареска повторно да соработува со својот имењак.

Сепак, раководството од „Стемфорд Бриџ“ не сака неизвесност во тимот пред стартот на сезоната, па му порача на играчот дека зелено светло за заминување ќе има само доколку понудата се финализира најдоцна денеска до 18 часот. Време за реализација на зделката сè уште има, а сега сите очи се вперени кон Манчестер Сити и нивната подготвеност експресно да ја затворат оваа голема операција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.