Експериментот со Лијам Росениор на „Стемфорд Бриџ“ заврши неславно по само три месеци. Раководството на Челзи попладнево ја официјализираше одлуката за прекин на соработката со младиот стратег, откако тимот влезе во историска криза со пет порази во низа во кои не успеа да постигне ниту еден гол. Вчерашниот пораз од Брајтон со 3:0, беше капката која ја прели чашата, па управата на клубот се реши на овој чекор.
Иако Росениор потпиша шестгодишен договор, катастрофалната форма во текот на април ги принуди американските газди да го преземат овој чекор. Клубот најави дека во наредните денови ќе биде назначен привремен тренер кој ќе го води тимот до крајот на сезоната.

