Вечерва на Стемфорд Бриџ, од 21:00 часот, не очекува вистинско фудбалско дерби помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед, каде секој бод ќе биде вреден во трката за Лигата на шампионите.
Домаќините се во лоша серија од три порази по ред и едноставно мора да победат ако сакаат да го фатат последниот воз за елитата, додека Јунајтед, иако е трет на табелата, доаѓа по неочекуван пораз од Лидс и ќе сака веднаш да се врати на победничките патеки. Ѓаволите се на 3-та позиција со 55 бодови, додека Челзи е на 6-та позиција со 48 бодови.

