Челзи продолжи со својата трансфер офанзива и официјално го потврди доаѓањето на Пеп Чаварија од редовите на Рајо Ваљекано. 28-годишниот шпански дефанзивец стави потпис на петгодишен договор, а вредноста на трансферот е 16,3 милиони фунти, со можност за уште 1,7 милиони преку бонуси. Со ова, Чаварија стана дури 11-то ново име во ростерот на лондонци за претстојната сезона.
За шпанскиот фудбалер ова претставува круна на кариерата, откако го изоде целиот пат од четвртата лига со Фигуерес, преку Олот и Сарагоса, сè до елитата во Рајо Ваљекано, со кој изминатата сезона стигна и до финалето во Конференциската лига. Чаварија не го криеше возбудувањето од доаѓањето во Лондон, истакнувајќи дека за него преминувањето во еден од најголемите светски клубови е остварување на сонот.

