Англискиот гигант продолжува немилосрдно да го празни џебот во овој преоден рок. По рекордот за Морган Роџерс и засилувањата Квенда и Палестра, на ред дојде нов голем трансфер. Раководството на клубот подготви нови 60 милиони евра за стоперот на Кристал Палас, Максенс Лакроа.
Францускиот дефанзивец зад себе има извонредна сезона во Премиер лигата. Тој беше меѓу најзаслужните за освојувањето на трофејот во Конференциската лига. Лакроа важи за еден од најбрзите играчи на Островот и ретко губи дуел еден на еден.
Според информациите од Англија, 26-годишниот фудбалер веќе ги минува лекарските прегледи. Тој наскоро треба да стави потпис на долгорочен шестгодишен договор со лондонскиот клуб.

