Лондонски Челси постигна договор со Астон Вила за трансфер на Морган Роџерс за рекордна сума од 117 милиони фунти (околу 137 милиони евра). Иако преостанува да се усогласат уште неколку ситни детали, извори блиски до преговорите потврдуваат дека мега-трансферот е практично завршена работа.
Офанзивецот веќе ги договори личните услови и ќе стави потпис на шестгодишен договор со клубот од „Стемфорд Бриџ“ со важност до летото 2032 година, со опција за дополнителна сезона. Задолжителните лекарски прегледи се веќе закажани за понеделник.
Со оваа зделка, Челси ќе го сруши сопствениот клупски рекорд кој датираше од јануари 2023 година, кога на Бенфика ѝ беа платени 121 милион евра за Енцо Фернандез. Дополнително, преминот на Роџерс ќе го собори и британскиот рекорд кој беше поставен летово со трансферот на Елиот Андерсон од Нотингем Форест во Манчестер Сити за 135 милиони евра. Роџерс претходно имаше обврзувачки договор со тимот од Бирмингем до 2030 година, но понудата од Лондон беше премногу голема за да биде одбиена.

