Денешното дерби во Лондон носи огромен влог за двата тима, бидејќи Манчестер Сити ја брка предноста на Арсенал во трката за титулата, додека Челси под водство на Лиам Розениор се бори да ги задржи шансите за пласман во Лигата на шампионите. Избраниците на Пеп Гвардиола пристигнуваат во одлична форма и со традиционална априлска доминација, дополнително мотивирани од вчерашниот кикс на „топџиите“ кој им ја отвора вратата за враќање на врвот.
Од друга страна, „сините“ од Лондон се надеваат дека високата победа во ФА купот ќе биде пресвртна точка за нивната разнишана самодоверба по серијата слаби резултати во Премиер лигата.
Главниот фокус ќе биде насочен кон Ерлинг Холанд, кој е во застрашувачка гол-форма, додека кај домашните сите очи ќе бидат вперени кон во Кол Палмер кој повторно се соочува со својот поранешен клуб.
Иако историјата на меѓусебните дуели во последните години е на страната на гостите, „Стамфорд Бриџ“ е подготвен за дуел во кој секој бод може да биде пресуден за конечниот изглед на табелата.

