Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, престојува во официјална посета на Скопје како гостин на првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ. Високата делегација ќе одржи средби со премиерот Мицкоски и министерот за спорт Ристовски, по што во „Куќата на фудбалот“ ќе се разговара за конкретни инфраструктурни проекти.
Главниот фокус е ставен на поддршката од УЕФА за развој на младинските категории и унапредување на условите за работа во домашниот фудбал. Оваа посета ја потврдува силната соработка меѓу европската куќа на фудбалот и новото раководство на ФФМ во насока на долгорочен напредок на македонскиот спорт.

