Кошарка Меѓународна кошарка

Чеди Осман: Осетив дека веќе не ме сакаат во ПАО

Преминот на турскиот репрезентативец Чеди Осман од Панатинаикос во солунски ПАОК е едно од најголемите изненадувања на кошаркарскиот пазар ова лето. Иако имаше квалитетна сезона во Атина, искусниот кошаркар реши кариерата да ја продолжи во проектот предводен од Андреа Тринкиери.

Во интервју за „Сократес Дерги“, Осман откри зошто пропаднаа преговорите со Ефес и Фенербахче, посочувајќи дека високото обештетување од Панатинаикос било главната пречка.

„Не бев слободен играч, имав уште една година од договорот и ПАО бараше сериозна сума. Не беше реално да барам намалување за да преминам во друг евролигашки клуб, а турските тимови не сакаа да ја платат таа сума. ПАОК, од друга страна, ми претстави одличен проект со јасна амбиција за пласман во Евролигата и тоа веднаш ме привлече“, изјави Осман.

Турскиот кошаркар отворено зборуваше и за разговорите со тренерот Жељко Обрадовиќ и претседателот Димитрис Јанакопулос пред разделбата.

„Како спортист, едноставно чувствувате дали некој искрено ве сака во тимот. Преку разговорот и односот сфатив каква е ситуацијата. Потоа донесовме заедничка одлука дека е најдобро секој да тргне по свој пат“, заклучи новото засилување на ПАОК.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.