Познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо објави дека Челси постигна брз договор со шпанскиот стратег Чаби Алонсо. Само еден час по загубеното финале во ФА Купот, „сините“ им донесоа голема утеха на своите разочарани навивачи. Шпанскиот менаџер ќе пристигне во Лондон веќе следната недела за официјално да го преземе кормилото на тимот.
Поранешниот предводник на Баер Леверкузен се одлучи за Челси и ќе потпише долгорочен четиригодишен договор со клубот. Алонсо беше слободен од 12 јануари годинава, откако доби отказ од Реал Мадрид по поразот од Барселона. Тој долго време бараше нов проект, а Премиер лигата на крајот се покажа како негова следна дестинација.
Неговата главна задача летово ќе биде брза и целосна реконструкција на тимот кој остана без Европа. Алонсо ќе има малку време да ги процени играчите пред да ја состави новата трансфер листа.

