Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Бутел Скопје ги стартуваше подготовките, Стоилов го одржа првиот тренинг

Ракометниот клуб Бутел Скопје официјално ги започна подготовките за новата сезона, а првиот тренинг го одржа под водство на новиот шеф на стручниот штаб, Стојанче Стоилов. Со тоа и официјално започна новото поглавје за скопскиот суперлигаш, кој во сезоната влегува со освежен состав и нови амбиции.

Екипата во наредниот период ќе продолжи со комплетирање на ростерот, додека главниот акцент ќе биде ставен на воигрувањето пред почетокот на натпреварувачката сезона. Во рамките на подготовките, Бутел ќе настапи на традиционалните турнири во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август), каде ќе одигра неколку силни контролни натпревари.

Во летниот преоден рок клубот се засили со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ. Воедно, нови договори потпишаа и Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ и Тодески, кои ќе останат дел од тимот и во претстојната сезона.

Бутел Скопје новата сезона во домашното првенство ќе ја отвори на свој терен против Младост Богданци, во натпревар кој е закажан за 5 или 6 септември.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.