Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Будимир ја врати Хрватска во игра: „Коцкастите“ со минималец ја срушија Панама! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Хрватска дојде до првите бодови на Светското Првенство откако во тврд и тактички натпревар ја совлада Панама со минимални 1-0, задржувајќи ги реалните шанси за пласман во елиминациите. По неверојатно здодевното прво полувреме во кое двата тима играа со преголем респект и без никаков ризик, селекторот Златко Далиќ на паузата го повлече клучниот потег со внесувањето на Анте Будимир во игра. „Џокерот“ реагираше мајсторски веќе во 54-та минута, кога по остриот центаршут на Станишиќ од десната страна, најдобро се снајде во петерецот и во свој препознатлив стил со глава ја заби топката во мрежата.

Само три минути подоцна Хрватите пропуштија неверојатна прилика комплетно да ја запечатат победата. Марко Пашалиќ излезе сам пред противничкиот чувар, успеа да го заобиколи, но потоа од идеална позиција ја промаши комплетно празната мрежа. Казната за овој шокантен кикс за малку ќе стигнеше во самиот финиш кога Панамците тргнаа на сè или ништо, но Доминик Ливаковиќ со неколку бравурозни интервенции ја сочува предноста на својот тим до последниот свиреж.

Со овој триумф Хрватска се искачи на третата позиција во групата Л, па во последното одлучувачко коло против Гана ќе бара позитивен исход за сигурно место меѓу најдобрите селекции во нокаут-фазата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.