Меѓународен фудбал Фудбал

Буади кажа „ДА“ за Манчестер Сити: Лил очекува рекордна сума

Манчестер Сити ги договори личните услови со 18-годишниот суперталент на Лил, Ајуб Буади, кој веќе даде зелено светло за трансфер на „Етихад“. Според информациите на инсајдерот Флоријан Плетенберг, сега преостанува само клубовите да се усогласат за висината на обештетувањето, каде што францускиот колектив се подготвува за најголемата продажба во својата историја.

Во Лил се убедени дека зделката ќе го надмине досегашниот клупски рекорд од 80 милиони евра, поставен при заминувањето на Николас Пепе во Арсенал во 2019 година и се надеваат дека сумата со бонусите може да достигне дури 100 милиони евра. По фантастичната сезона во Лига 1 и одличните настапи за репрезентацијата на Мароко на Мундијалот, цената на младиот играч за врска драстично порасна.

Челниците на Англискиот вицешампион во Буади гледаат идеален профил за нов Родри. Иако има само 18 години, тој зад себе веќе има 112 официјални мечеви за Лил, а ги воодушеви скаутите со неверојатната смиреност во играта, совршената контрола на топката и чувството за менување на ритамот на теренот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.