УФЦ настанот во Канада, покрај возбудливите борби во октагонот, донесе и инцидент на трибините кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. За време на тепачка меѓу неколку навивачи, полицијата интервенираше за да го смири хаосот, а еден од службениците примени џудо-зафат со кој собори еден од учесниците на земја.
На видеоснимката се гледа како младиот навивач силно удира со главата во подот, по што се фаќа за лицето и изгледа дека накратко ја губи свеста. Начинот на кој полицаецот ја изведе интервенцијата предизвика бурни реакции на интернет. Инцидентот се случил непосредно пред главната борба меѓу Мајк Малот и Хоакин Бакли. Засега не се познати сите околности што довеле до тепачката, а нема ниту потврдени информации за здравствената состојба на соборениот навивач.
Снимката отвори прашања за оправданоста и последиците од полициската интервенција, додека јавноста очекува повеќе детали за настанот.
Police officer slam KO’d a fan fighting in the crowd at UFC Edmonton tonight https://t.co/hN8Mzqf7CM
— Happy Punch (@HappyPunch) October 18, 2026

