Меѓународен фудбал Фудбал

Бруно Женесио повеќе не е тренер на Лил!

Бруно Женесио по две години повеќе не е шеф на стручниот штаб на Лил. Францускиот клуб соопшти дека соработката е прекината по заеднички договор.

Искусниот 59-годишен стратег го предводеше тимот од јуни 2024 година. Претседателот Оливие Летанг јавно му се заблагодари за неговиот висок професионализам и посветеност.

Лил ја заврши сезоната во француското првенство на третото место со освоени 61 бод. Со овој успех клубот обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите. Сепак, двете страни одлучија дека разделбата во овој момент е најдобро решение за сите.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.