По шокантниот пораз од Хал Сити на стартот од сезоната, Манчестер Јунајтед под водство на Мајкл Керик се врати на победничките патеки со убедлив триумф над Ипсвич од 5-2 (1-1) во рамките од второто коло во Премиер лигата.
Иако гостите први го шокираа „Олд Трафорд“ со погодокот на Лиф Дејвис во 29. минута, а имаа и уште некоклу одлични прилики, против заспаниот Јунајтед, капитенот Бруно Фернандеш брзо ги зеде работите во свои раце. Португалецот донесе израмнување пред паузата во 40. минута, по една огромна грешка на дефанзивата на гостите, а вистинската офанзивна фурија на домаќините следуваше во второто полувреме.
Автоголот на Џејкоб Гривс во 56. минута по обидот на Хари Мегваер, кој пред да упати удар играше и со рака, а судијата и ВАР-собата останаа неми, го најави пресвртот на „црвените ѓаволи“. Бруно Фернандеш најпрво прецизно реализираше од белата точка во 61. минута, а седум минути подоцна го комплетираше својот хет-трик за високи 4-1. Брајан Мбеумо во 82. минута ја запечати убедливата победа со петти погодок, додека Чуба Акпом во судиското надополнување само го ублажи поразот на Ипсвич.

