Меѓународен фудбал Фудбал

Бруно Фернандеш прогласен за играч на годината во Англија!

Здружението на професионални фудбалери во Англија ги додели признанијата за најдобрите во сезоната 2025/26, а главната награда за играч на годината во машка конкуренција му припадна на Бруно Фернандеш. Капитенот на Манчестер Јунајтед стана првиот фудбалер на тимот од „Олд Трафорд“ што го освојува ова признание во избор на колегите уште од 2010 година, кога славеше Вејн Руни. Во женска конкуренција, наградата за најдобра фудбалерка втора година по ред замина кај Каџа Шо од Манчестер Сити, која трета сезона по ред е и најдобар стрелец во лигата.

Наградата за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата му припадна на Нико О’Рајли од Манчестер Сити, додека кај дамите втора сезона по ред славеше Оливија Смит.

Во идеалниот тим на Премиер лигата за изминатата сезона на голманската позиција се најде Давид Раја од Арсенал, а дефанзивната четворка ја сочинуваат неговите соиграчи Јуриен Тимбер, Вилијам Салиба и Габриел, заедно со Нико О’Рајли од Манчестер Сити. Во средниот ред гласовите ги добија Бруно Фернандеш, Деклан Рајс и Рајан Черки, додека напаѓачкото трио го предводат Ерлинг Халанд, Антоан Семењо и Игор Тијаго од Брентфорд.

Идеалниот состав на женската Суперлига е предводен од голманката Хана Хемптон, додека во одбраната се Керстин Каспари, Токо Кога, Ели Карпентер и Емили Фокс. Средината ја сочинуваат Јуи Хасегава, Мариона Калдентеј и Џес Парк, а во нападот се најдоа Бани Шо, Алесија Русо и Лорен Џејмс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.