Македонски фудбал Фудбал

Брера против Скопје во Битола, Пелистер со Шкендија А. во Кавадарци

Македонската фудбалска сцена ја очекува вистински земјотрес во следните денови, со оглед на тоа што завршниот филтер за пополнување на Првата лига носи два натпревари со огромен интензитет. Четири екипи излегуваат на неутрален терен во битка каде што нема место за поправен испит, а само две од нив на крајот ќе слават промоција или опстанок. Овие дуели секогаш носат незапамтена драма, каде што фаворитската улога на хартија честопати паѓа во вода под притисокот на големиот влог.

Најголемата „фудбалска лотарија” е закажана за 31 мај во 16:30 часот, кога ќе се реши патниците за најелитното друштво во претстојниот шампионат. Еден од најинтригантните мечеви ќе се одигра под Тумбе Кафе во Битола, каде што Брера Струмица ќе го брани својот прволигашки статус против мотивираниот состав на Скопје, кој со сите сили притиска за камбек на големата сцена.

Истовремено, стадионот во Кавадарци ќе биде домаќин на уште еден супер-интересен судир. Таму битолски Пелистер ќе се бори да го сочува местото во македонската елита против амбициозниот состав на Шкендија Арачиново, екипа која сонува за својот прв историски влез меѓу најдобрите фудбалски колективи во земјата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.