Македонија ЃП ја прекина црната серија со реми на жешкото гостување кај Брера во Струмица и по пет последователни порази, конечно успеаја да стигнат до бод, ремизирајќи 1-1 во дуелот со Брера со кој се заокружи 27. коло од Првата лига.
Струмичани поведоа во 22. минута преку сигурниот пенал на Филип Михаилов, но „лавовите“ покажаа карактер во вториот дел и со погодокот на Огузан Ајдоган во 57. минута се изборија за големо израмнување.
Иако двата тима до крајот се обидуваа да стигнат до трите бода, мрежите мируваа, па скопскиот состав се враќа дома со важен бод за враќање на самодовербата.

