Македонски фудбал Фудбал

Брера бара спас во Струга

Фудбалерите на АП Брера не знаат за победа на последните четири натпревари, а на последните два не само што загубија, туку не успеаја да постигнат и гол. Во една таква ситуација, влегоа повторно и во лавиринтот за обезбедување опстанок во елитата.

Тренерот Шефки Арифовски и тимот ќе се обидат да го исправат бродот на струшкото крајбрежје. Денеска АП Брера ја очекува многу важен меч против силен ривал.

„Тежок натпревар е пред нас, но подготвени сме да дадеме сѐ од себе да ја оствариме целта“, истакнуваат од таборот на АП Брера.

Тимот на АП Брера се наоѓа на деветтата позиција со 33 бода, додека Струга Трим Лум доби шанса да се бори и за второто место, што дополнително ќе ја отежни и задачата за струмичкиот состав.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести