Меѓународен фудбал Фудбал

Бредли Баркола претставен на „Енфилд“: 125 милиони евра во касата на ПСЖ

Премиер лигата доби уште една голема ѕвезда откако Ливерпул официјално го претстави Бредли Баркола како свое најголемо засилување во летниот преоден рок. Англискиот гигант целото лето трагаше по долгорочна замена за клубската легенда Мохамед Салах, а изборот конечно падна на францускиот офанзивец, кој важи за еден од најдобрите млади крилни играчи во европскиот фудбал.

Преговорите со Пари Сен Жермен завршија со договор за трансфер вреден 125 милиони евра фиксирано, со можност сумата да порасне за уште 20 милиони евра преку дополнителни бонуси. Баркола уште на стартот од летото изрази желба за заминување од Париз во потрага по поголема минутажа и улога во тимот, посебно по зголемувањето на конкуренцијата со пристигнувањето на Мика Годс од Ајакс и присуството на Хвича Кварацхелија.

Францускиот репрезентативец го напушта ПСЖ по три успешни години, во кои одигра 152 натпревари со ефект од 39 погодоци и 37 асистенции откако пристигна од редовите на Лион. За националниот тим на Франција досега има впишано 28 настапи и шест гола, а на „Енфилд“ пристигнува како играч со огромна перспектива пред кого допрва претстојат најдобрите години од кариерата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.