Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Бразилецот Сампајо ќе го суди отворањето на Мундијалот во Мексико Сити

Искусниот бразилски арбитар Вилтон Сампајо ќе ја има честа да го води премиерниот натпревар на Светското првенство. Тој в петок, на 11 јуни, ќе ја дели правдата на стадионот „Азтека“ во Мексико Сити, каде домаќинот Мексико ќе се соочи со Јужна Африка.

Целата судиска тројка на теренот доаѓа од Бразил, со помошниците Бруно Пиреш и Бруно Боскилија, додека главната ВАР-соба ќе ја предводи Николас Гајо од Колумбија. За 44-годишниот Сампајо ова е трет и последен Мундијал во кариерата.

ФИФА за овој турнир делегираше 52 главни судии, но списокот веќе се скрати за едно име откако Омар Артан од Сомалија беше вратен од аеродромот во Мајами бидејќи САД му ја одбија визата.

Познати се арбитрите и за преостанатите два домаќини. Аргентинецот Факундо Тељо ќе го суди дуелот меѓу Канада и БиХ на 12 јуни, додека првиот европски судија на турнирот, Дани Макели од Холандија, ќе ја дели правдата на мечот САД – Парагвај.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.