Меѓународен фудбал Фудбал

Бразилецот Едерсон пристигнува на „Олд Трафорд“!

Манчестер Јунајтед го повлече првиот голем потег ова лето. Англискиот гигант го договори трансферот на бразилскиот играч за врска Едерсон од Аталанта. Искусниот фудбалер ќе биде едно од клучните засилувања за новата сезона. Клубот успешно ги заврши преговорите за овој 26-годишен играч.

Според информациите од Островот, трансферот е вреден околу 45 милиони евра. Бразилецот ќе потпише повеќегодишен договор со тимот од Манчестер. Тој ќе им се приклучи на новите соиграчи во текот на јули. Претходно мора да се комплетираат сите потребни административни процедури. Срединиот ред беше означен како главен приоритет за засилување.

Едерсон зад себе има многу успешен период во италијанскиот фудбал. Тој пристигна во Бергамо од редовите на Салернитана. За Аталанта одигра вкупно 180 натпревари со 16 постигнати голови. Тој во овој период запиша и 6 асистенции. Неговите одлични партии му донесоа и настапи за репрезентацијата на Бразил.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.