Репрезентацијата на Бразил пристигна на Светското првенство во Северна Америка со големи шампионски амбиции, но го напушти турнирот на понижувачки начин по елиминацијата од Норвешка и нејзиниот голгетер Ерлинг Халанд. По овој тежок дебакл, „кариоките“ се повлекоа како комплетно разбиена војска, а потврда за тоа е фактот што на официјалниот авионски лет назад за татковината се наоѓаше само еден фудбалер од вкупно 26-мина пријавени, дефанзивецот Данило.
Сите останати ѕвезди на тимот, предводени од Нејмар, веднаш по елиминацијата се разбегаа на различни дестинации ширум светот за да ги започнат своите предвремени годишни одмори. Нивната пауза сега ќе трае значително подолго отколку што кој било во Бразил можеше да замисли пред почетокот на 23. Мундијал.
На летот за Рио де Жанеиро го немаше ниту селекторот Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег реши да остане во Канада со своето семејство за да ги наполни батериите по големиот неуспех. Иако низ Бразил веднаш започнаа силни притисоци и барања за негова итна смена поради историскиот крах, Анчелоти веќе ги договорил клучните детали со раководството на сојузот и во иднина ќе остане на позицијата шеф на стручниот штаб.

