Комбинираниот состав на Бразил со 2:1 го совлада Египет во пријателски натпревар во Кливленд. Иако селекторот Карло Анчелоти ги промеша картите пред почетокот на Светското првенство, „кариоките“ целосно доминираа на теренот и заслужено победија.
Бразилците поведоа уште во 7-та минута со голот на Бруно Гимараеш, но Египет експресно израмни преку Зико по грешката на Маркињос. Победата за Јужноамериканците ја донесе младиот Ендрик во 52-та минута, кој погоди со левата нога по одлична асистенција на Рафиња. Најголемата ѕвезда на Египет, Мохамед Салах, ги одигра само вторите 45 минути, но не успеа да го спаси својот тим од пораз.
Главната главоболка за Анчелоти по овој меч е повредата на десниот бек Весли, кој поради болки мораше да излезе од игра уште во 17-та минута. Тежината на повредата ќе се знае по деталните прегледи, а единствена убава вест за Бразилците е што Нејмар веќе го привршува своето закрепнување.

