Големото НБА финале меѓу Њујорк Никс и Сан Антонио Спарс ја донесе првата голема контроверза по третиот натпревар. Спарси славеа со 115:111, но тренерот на Њујорк, Мајк Браун, излезе видно огорчен пред медиумите.
Иако вкупната статистика на крајот изгледаше изедначена, Браун целосно го изгуби трпението поради критериумот во второто полувреме. Во третата и четвртата четвртина, Сан Антонио доби дури 24 слободни фрлања, а Њујорк само осум.
Предводникот на Никс спортски им ја честиташе победата на Спарс, но веднаш потоа удри по судиската тројка. „Никогаш во животот не измислував изговори, но ова што се случи вечерва е просто нереално“, истакна Браун. Тој додаде дека ваков сооднос на слободни фрлања е невидена работа во едно големо финале.
Искусниот стратег смета дека неговиот тим нема никакви шанси во серијата со ваков судиски третман. „Можеби правевме фаули, не бегам од тоа, но и тие нè фаулираа нас на другата страна“, изјави разочараниот тренер. Браун истакна дека судиите морале да воспостават барем некаков баланс на теренот.
Сепак, тој призна дека кошаркарите на Њујорк самите се виновни за дел од пропустите во одбраната. Тимот од Њујорк не го повтори квалитетното ниво од првите два натпревари во оваа финална серија.

