Меѓународен фудбал Фудбал

Брајтон издвои 50 милиони фунти за Лука Вушковиќ!

Брајтон го собори клупскиот рекорд со ангажманот на младиот хрватски дефанзивец Лука Вушковиќ од Тотенхем. Трансферот на деветнаесетгодишниот фудбалер изнесува околу 50 милиони фунти. Вушковиќ потпиша петгодишен договор со опција за дополнителна година. Англискиот клуб го претстави засилувањето на социјалните мрежи со пораката „Конечно е тука“.

Менаџерот на Брајтон, Фабијан Хирцелер, изрази големо задоволство од реализацијата на овој скап трансфер. Тој истакна дека клубот внимателно го следел неговиот развој во изминатиот период. Хирцелер додаде дека Вушковиќ покажал висок квалитет, но ќе му треба време за адаптација во Премиер лигата.

Вушковиќ е дете на сплитски Хајдук, од каде минатата година се пресели во Тотенхем за 12 милиони евра. Првиот дел од минатата сезона тој го помина на позајмица во германскиот Хамбургер. По кусиот престој во Германија, тој се врати во Лондон, пред да ја прифати рекордната понуда на Брајтон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.