Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

„Божјата рака“ на Марадона сè уште вреди милиони!

Еден од најпознатите и најконтроверзните реквизити во историјата на фудбалот доби нов сопственик. Легендарната топка „Adidas Azteka“, со која Диего Армандо Марадона го постигна прочуениот гол со „Божјата рака“ против Англија на Светското првенство во 1986 година, беше продадена на аукција во САД за 2,5 милиони фунти, односно околу 2,9 милиони евра.

На тој историски меч во Мексико, Аргентина славеше со 2-1, а Марадона во само неколку минути постигна два погодоци кои го одбележаа фудбалот, првиот спорно реализиран со рака пред голманот Питер Шилтон, а вториот по незаборавниот соло-продор од сопствената половина кој подоцна беше прогласен за „гол на векот“. Иако првичните проценки беа дека топката може да достигне и над 10 милиони долари, нејзината конечна цена сепак ја потврди нејзината огромна култна вредност.

„Тоа е навистина единствен предмет. Веројатно станува збор за најважното парче фудбалски сувенири што постои“, изјави Мајк Провензале, експерт од аукциската куќа „Heritage Auctions“.

Топката повеќе од три децении беше во сопственост на тунискиот арбитар Али Бин Насер, кој ја делеше правдата на тој натпревар, пред за првпат да ја продаде во 2022 година за 2,37 милиони долари. Инаку, култниот дрес што Марадона го носеше на истото четвртфинале против Англија и понатаму го држи светскиот рекорд за најскапо продаден фудбалски дрес во историјата, кој достигна цена од дури осум милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.