Кошаркарите на Бостон Селтикс ја стартуваа Плеј-оф фазата со убедлива победа на домашен терен против Филаделфија со 123:91. Селтикси од стартот почнаа фуриозно и не ја испуштаа предноста во текот на целиот меч.
Одличниот Тејтум ги предводеше до победата, запишувајќи дабл-дабл со 25 поени и 11 скокови. Браун со 26 поени беше најпрецизен кај Бостон, а кај Филаделфија Тајрис Маски броеше до 21 поен.
Следниот меч се игра за три дена, а Бостон е повторно домаќин.

