Светски првенства Фудбал

Босна како дома: Реми со Панама пред 20.000 навивачи!

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина одигра нерешено 1:1 против селекцијата на Панама во пријателски натпревар одигран во Сент Луис. Избраниците на Сергеј Барбарез оставија солиден впечаток на оваа важна проверка, а притоа имаа и огромна поддршка од трибините. Речиси 20.000 босански навивачи направија вистински спектакл, а атмосферата дополнително се запали пред самиот почеток кога од разгласот ечеше познатиот хит на Халид Бешлиќ, „Мирис љиљана“.

Почетната иницијатива на „змејовите“ вроди со плод во 23. минута од натпреварот. По одличниот продор и центаршут на Амир Дедиќ, Катиќ скокна највисоко во казнениот простор и со силен удар со глава донесе водство за БиХ од 1:0. Панама возврати во самиот финиш од првиот дел кога по еден корнер се создаде голема мешаница пред голот на Васиљ, а најснаодлив беше Рамос кој израмни на 1:1. Во второто полувреме двајцата селектори направија голем број измени, па и покрај неколкуте зрели шанси на двете страни, резултатот остана непроменет. За Босна ова е второ реми во низа во овој подготвителен циклус, откако претходно во Сараево одиграа 0:0 против Македонија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.