Нашата репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Босна и Херцеговина во Сараево на 29-ти мај, а стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ ќе биде исполнет до последното место, како што пренесуваат босанските медиуми.
Репрезентацијата на Босна и Херцеговина ќе настапи на Светското првенство, до кое дојде преку елиминацијата на Италија пред своите навивачи. Пријателскиот натпревар со Македонија ќе биде последен подготвителен натпревар пред домашната публика.
Босна на Светското првенство ќе биде дел од Групата Б, заедно со Канада, Катар и Швајцарија.

