Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Босна и Херцеговина ќе заработи 23,5 милиони долари по елиминацијата од Мундијалот

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина го заврши својот настап на Светското првенство во шеснаесетфиналето. Поразот од селекцијата на САД со 2:0 значеше крај за нивните мундијалски амбиции. Сепак, фудбалскиот сојуз на оваа земја ќе добие сериозна финансиска сума од светската куќа на фудбалот.

На сметката на босанската федерација ФИФА ќе уплати вкупно 23,5 милиони долари. За самиот пласман на Мундијалот беа обезбедени 12,5 милиони долари. Од оваа сума, два и пол милиони долари беа веднаш наменети за подготвителниот период.

Со влезот во нокаут-фазата, популарните „змејови“ заработија дополнителни 11 милиони долари. Овие парични средства ќе бидат поделени меѓу играчите, стручниот штаб и домашниот сојуз. ФИФА за овој шампионат издвои вкупен буџет за репрезентациите од преку 870 милиони долари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.