Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Босна и Херцеговина и Канада ги поделија бодовите на стартот! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше на чекор до огромна победа на стартот на Светското првенство, но во самиот финиш испушти три бода и ремизираше 1-1 против домаќинот Канада во Торонто. Иако „змаевите“ имаа контрола врз резултатот сè до 79′ минута, канадската селекција успеа да избегне пораз и во својот седми натпревар на планетарните собири го освои историскиот прв бод на Мундијалите.

Еуфоријата кај бројните босански навивачи експлодираше во 21′ минута. По еден одлично изведен корнер, најснаодлив во шеснаесетникот беше високиот Јово Лукиќ. Напаѓачот на романскиот Универзитатеа Клуж, во својот дури четврти настап за националниот тим со прецизен удар со глава донесе водство за БиХ од 1-0.

Избраниците на Сергеј Барбарез тактички одлично го затворија натпреварот и беа близу до триумф, но притисокот на домаќинот вроди со плод преку резервистите на Џеси Марш.

Во 79′ минута по една брза акција по средината, Промис Дејвид испрати одлична топка до Кајл Ларин, кој само три минути по влегувањето во игра направи мала мајсторија. Ларин се сврте покрај Мухаремовиќ, ја искористи лошо поставената офсајд замка на Сеад Колашинац и ладнокрвно ја погоди мрежата за конечни 1-1, спасувајќи ја Канада од нов мундијалски неуспех.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.