Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Босна и Херцеговина ги распродаде сите влезници за натпреварите на Мундијалот!

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ќе има огромна поддршка на престојниот мундијал кој ќе се одржи во Сад, Мексико и Канада од 11 јуни до 19 јули, oткако фудбалскиот сојуз денеска се огласи дека билети во продажба повеќе нема.

„Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина информира дека се распродадени сите билети наменети за навивачите на репрезентацијата за натпреварите од Светското првенство 2026 против Канада, Швајцарија и Катар.

Големиот интерес уште еднаш ја потврдува силната врска меѓу националниот тим и неговите поддржувачи, кои ќе бидат значајна поддршка и на најголемата светска фудбалска сцена“

Од Сојузот упатија благодарност до навивачите за довербата и поддршката, со уверување дека „Змејовите“ ќе имаат силен ветер во грб на претстојниот Мундијал.

Да потсетиме, Босанците во трилер натпревар против Италија, со победа по пенал рулетот, го заверија својот настап на најценетиот спортски настан.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести