Кошарка Македонска кошарка

Бошалески по одличната сезона во Тиквеш се пресели во МЗТ Скопје

МЗТ Скопје продолжува со засилувањето на тимот за новата сезона, а ново име во составот е македонскиот репрезентативец Петар Бошалески. 22-годишниот бек-шутер, висок 197 сантиметри, во изминатата сезона настапуваше за Тиквеш, каде што на 27 натпревари просечно постигнуваше 12,4 поени, 5,6 скока и две асистенции.

Бошалески ги помина сите младински репрезентативни селекции, а летово дебитираше и за сениорската репрезентација на Македонија, настапувајќи на два натпревари во претквалификациите за ЕП 2029. За младиот кошаркар ова е нов чекор во кариерата, откако претходно настапуваше и за Работнички и Пелистер.

Бошалески е третото домашно засилување на МЗТ Скопје за новата сезона, по Лука Стојановски и Никола Василевски.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.