Борусија Менхенгладбах ја забележа првата победа во новата сезона, откако на гостувањето кај Штутгарт славеше со 3:2 во натпревар исполнет со пресврти и возбудувања. Домаќините имаа одличен почеток и поведоа уште во петтата минута преку Ермедин Демировиќ, кој ја искористи асистенцијата на Џенан Пејчиновиќ. Сепак, гостите не дозволија негативата да ги исфрли од ритамот, па Џо Скали во 38. минута донесе израмнување и најави поинаков тек на натпреварот.
Борусија продолжи во ист стил и по паузата, а Шуто Мачино во 51. минута се погрижи за целосен пресврт. Во 66. минута Скали повторно беше во центарот на вниманието, овојпат во улога на асистент, кога го пронајде Уаел Мохија, кој ја затресе мрежата за 3:1. Штутгарт не се предаде и во финишот се обиде да се врати во игра. Демировиќ со својот втор погодок, по додавањето на Џејми Левелинг во 83. минута, ја намали негативата на 2:3 и внесе неизвесност во завршницата. Сепак, домаќините не успеаја да стигнат до израмнување, па Борусија ги однесе трите бода.
Со овој триумф, Борусија Менхенгладбах ја прекина серијата без победа, но и покрај освоените три бода останува на последното, 18. место со вкупно три бода. Штутгарт, пак, се наоѓа на 14. позиција со шест бода.

