Меѓународен фудбал Фудбал

Борусија Дортмунд го носи бисерот на ПАОК за 32 милиони евра!

ПАОК е пред реализација на еден од најголемите излезни трансфери во историјата на клубот, откако неговиот млад офанзивец Јанис Константелиас е на чекор до преселба во Борусија Дортмунд. Договорот е практично постигнат, а останува уште административниот дел пред трансферот да биде официјализиран. Информацијата ја потврди Фабрицио Романо, кој како и вообичаено употреби „Here we go“ за да стави печат на договорот меѓу двете страни.

Според информациите, германскиот гигант ќе плати 32 милиони евра, сума во која се вклучени и бонусите. ПАОК дополнително договорил и 15 проценти од идниот трансфер на Константелиас, што може да му донесе уште значаен приход на солунскиот клуб во иднина. За официјална потврда преостанува да се финализира документацијата меѓу клубовите и играчот. Константелиас во неделата веќе престојуваше во Дортмунд, што дополнително укажува дека трансферот е во завршна фаза.

Дваесет и тригодишниот играч е производ на школата на ПАОК и целиот досегашен сениорски фудбал го помина во дресот на солунскиот клуб. За црно-белите има забележано 190 настапи, на кои постигна 44 гола и запиша 26 асистенции. Сега пред него е ново поглавје во кариерата, а Борусија Дортмунд го гледа како фудбалер кој треба да го продолжи развојот на големата сцена во германскиот и европскиот фудбал. За ПАОК, пак, договорот претставува исклучително значаен финансиски успех и уште една потврда дека клубот може скапо да ги наплати своите најголеми таленти.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.