Францускиот напаѓач Ели Жуниор Крупи мораше експресно да отиде на операција на стапалото, по што го очекува пауза од три до четири месеци. Оваа вест целосно ги помати сметките на Борнмут, но и на Барселона, која покажуваше сериозен интерес за неговиот потпис ова лето.
20-годишниот фудбалер се повреди за време на подготовките во Австрија, по што веднаш беше вратен во Англија на дополнителни прегледи. Според првичните проценки на медицинскиот тим, Крупи се очекува да се врати во стројот дури во текот на ноември или декември.
Крупи пристигна во Борнмут во летото 2025 година од Лориен за 13 милиони евра и веднаш направи вистински „бум“, завршувајќи ја дебитантската сезона со 13 погодоци како најдобар стрелец на тимот. За неговите услуги интензивно се распрашуваа Барселона и Арсенал, а раководството на англискиот клуб ја постави цената на високи 130 милиони евра, но повредата сега целосно го замрзнува тој трансфер.
Во отсуство на францускиот напаѓач, офанзивниот товар во тимот на Марко Розе ќе го преземат Еванилсон и новопристигнатиот Алваро Родригез, кој дојде од Елче за 25 милиони евра.
Борнмут ја започнува новата сезона на 23 август со гостување кај Манчестер Сити, во година во која ги очекува и историско деби во Лигата на Европа по освоеното шесто место во Премиер лигата.

