Македонски ракомет Ракомет

Борис Ројевиќ верен на Охрид, продолжува до 2029 година!

Ракометниот клуб Охрид направи важен чекор кон зачувување на стабилноста на својот амбициозен проект, откако официјално ја продолжи соработката со шефот на стручниот штаб Борис Ројевиќ до јуни 2029 година.

Српскиот стратег пристигна во Охрид минатото лето и уште во својата дебитантска сезона оствари историски успех, донесувајќи го во клупските витрини пехарот од ЕХФ Европскиот куп. Со потпишувањето на новиот долгорочен договор, раководството на охридскиот тим потврдува дека има високи амбиции и во претстојниот период.

По официјализирањето на соработката, Ројевиќ упати емотивна порака до сите поддржувачи на клубот.

„Го сакам ова место, овде навистина се чувствувам како дома. Направивме големи работи во првата сезона, донесовме европски пехар крај езерото. Можеме уште…“, изјави трофејниот тренер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.