Други спортови Одбојка

Борец и Штип УГД во финале, после седум години ќе имаме нов шампион

После седум години доминација на Струмица, оваа сезона во Првата лига мажи ќе дојде до промена на тронот. Одбојкарите на Борец и Штип УГД ќе се борат за шампионската титула откако во два натпревари славеа над своите противници во полуфиналната серија од плеј-офот.

Екипата на Борец, ја прекина доминацијата на Струмица, и во двата натпревари славеше со 3:1 во сетови.

Штипјани пласманот во финалето го обезбедија со двете максимални победи над Работнички и најавуваат дека ќе атакуваат на двојна титула.

Финалната серија од плеј-офот, ќе стартува кон средината на април, а ќе се игра до три добиени дуели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести