Поранешниот шесткратен француски шампион Бордо е исфрлен во шестата лига поради огромни финансиски проблеми. Клубот не успеа да обезбеди девет милиони евра за да го продолжи своето професионално функционирање. Поради ова, тимот во наредниот период ќе мора да се натпреварува во аматерски ранг.
Раководството на Бордо веднаш најави жалба со надеж дека ќе го задржи статусот на четвртолигаш. Популарните „Жирондинци“ последен пат беа шампиони на Франција во 2009 година. Нивниот голем пад започна во сезоната 2021/22 кога испаднаа од елитната Прва лига. Потоа следеше брзо преселување во третиот, а подоцна и во четвртиот ранг на натпреварување.
Овој славен клуб е основан во далечната 1881 година. Низ богатата историја за Бордо настапуваа фудбалски легенди како Алан Жирес, Жан Тигана, Кристоф Дигари и Педро Паулета. Во поновата ера, дресот на тимот со успех го носеа и Јоан Гуркуф, Маруан Шамак и голманот Улрих Раме.

