Кошарка Македонска кошарка Меѓународна кошарка

Борац беше пресилен, ТФТ со висок пораз се збогува со сонот за АБА 1

Екипата на ТФТ Скопје не успеа да го круниса својот историски пат со пласман во елитното друштво, откако и во вториот натпревар од баражот претрпе пораз од искусниот Борац Чачак со убедливи 65:97. Иако избраниците на Боро Смилковски покажаа голема желба за надигрување во Градски парк, квалитетот и пошироката ротација на гостите од Србија беа пресудни за конечни 0-2 во оваа серија. Кај победникот блесна Алекса Ускоковиќ со 23 поени, додека во редовите на македонскиот претставник најефикасни беа Џастин Гордон со 18 и Стенли Дејвис со 15 постигнати поени.

Без разлика на вечерашниот резултат, за ТФТ зад грб останува сезона од соништата во која стигнаа до големото финале во АБА 2 и беа на чекор до регионалниот крем. За тимот од Тафталиџе нема време за преголемо разочарување, бидејќи веднаш се фокусираат на домашниот плеј-оф каде ги очекува тешка задача да ја анулираат негативата од 0-1 во серијата против Маџари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести