Македонски фудбал Фудбал

Бојку и Радески ја однесоа Струга ТЛ на врвот на табелата

Струга ТЛ ја забележа првата гостинска победа сезонава во Првата македонска фудбалска лига, откако со 2:0 ја совлада Шкендија Арачиново во натпреварот од 10. коло. Со освоените три бода, стружани се израмнија со Шкендија Тетово на врвот на табелата. Двете екипи имаат по 20 бодови, но Струга ТЛ моментално е прва благодарение на подобрата гол-разлика.

Гостите ја завршија најголемата работа уште во првото полувреме. Бесмир Бојку во деветтата минута со одличен удар од далечина го отвори резултатот, најавувајќи го позитивниот исход за својот тим. Работите за домаќините дополнително се искомплицираа во 26. минута, кога Мартин Тодоров доби црвен картон и ја остави својата екипа со играч помалку. Струга брзо ја искористи предноста, па Марјан Радески во 28. минута беше прецизен од белата точка за конечни 2:0.

Во продолжението, стружани умешно ја контролираа играта и не му дозволија на противникот да се врати во натпреварот. Имаа и неколку можности за поубедлива победа, но резултатот не се промени. Струга ТЛ така освои важни бодови во битката за врвот и најмалку привремено се искачи на првата позиција, пред утрешниот натпревар на Шкендија Тетово.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.